Changes

Jump to: navigation, search
no edit summary
Во ова поглавје ќе почнеме со основното. Ќе ви покажеме како да почнете со Грампс и како да побарате помош кога ќе ви затреба.


{{grampsmanualcopyright}}


{{man index/mk|Mk:Грампс_3.1_Вики_Прирачник_-_Предговор |Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Главен прозорец}}

{{languages|Gramps 3.1 Wiki Manual - Getting Started}}

__FORCETOC__

== Почнување Грампс ==

Можете да почнете со Грампс на следниве начини:

*Од менито Апликации

Изберете GRAMPS од списокот со програми прикажани на менито Апликации од вашиот сметач. (Локацијата и изгледот на ова мени може да се разликува малку од една дистрибуција на Linux до друга). На почетната GNOME заднина, ќе го пронајдете Грампс во ''' Апликации -> Друго ''' мени.

*Од наредбената линија
Ако сте упатени во Linux и сакате да работите со наредбената линија, ќе го почнете Грампс со повикување на терминалот со впишување:
<code>
''gramps''
</code>
и потоа притискате '''Внеси'''.

Ако сакате Грампс да отвори одредена база на податоци или да внесе посебна датотека на почетокот, можете да го додатете името на датотеката на наредбената линија како аргумент:
<code>
''gramps filename.grdb''
</code>
каде што ''filename.grdb'' е името на датотеката што сакате да ја отворите. Наредбената линија овозможува многу повеќе начини за почнување Грампс и изведување на различни задачи.

== Одбирање база на податоци ==

Ако Грампс е почната без претходно избрана база, почетниот екран ќе има мала функционалност. Поголемиот број од операциите нема да бидат достапни. За да вчитате база на податоци, или изберете '''Нова''' за да создадете нова база на податоци, или '''Отвори''' за да отворете постоечка база. Грампс е во тек со вашите неодамна отворени бази [[Image:first-open.png|right|thumb|250px|Fig.1.1 Почетен прозорец]] и тие можете да ги изберете со кликнување на стрелката до копчето {{man button|Отвори}}и одбирање од паѓачкото мени.

== Добивање помош ==

Грампс има мени за ''' Помош ''' што можете да го консултирате во секое време. Тука се вклучени следниве ставки:

*Кориснички прирачник: Електронска верзија на прирачникот до којшто можете да пристапите додека работите во Грампс.

*ЧПП: Список на често поставувани прашања за Грампс.

*Совет на денот: Прикажува дијалог со „Совет на денот“.

*Состојба на приклучок: Употребете ја оваа ставка за прикажување на состојбата на приклучоците што ги имате додадено.

*Грампс почетна страница: Оваа ставка го отвора вашиот веб-пребарувач и ве поврзува со веб-местото на проектот „GRAMPS“.

*Грампс дописна листа: Оваа ставка го отвора вашиот веб-пребарувач и ве поврзува со страницата на Грампс дописната листа. На оваа страница, можете да ја пребарате архивата на дописната листа или да се приклучите на неа.

*Извештај за бубачка: Одберете ја оваа ставка за да пополните извештај за бубачка во нашиот систем за следење бубачки. (Запомнете, Грампс е жив проект. Сакаме да знаеме за сите проблеми на коишто ќе наидете, така што ние ќе можеме да работиме на нивно решавање за доброто на сите.)

*За: Оваа ставка прикажува дијалог со општи информации за верзијата на Грампс што ја извршувате.


{{man index/mk|Mk:Грампс_3.1_Вики_Прирачник_-_Предговор |Mk:Грампс_3.1_Вики_Прирачник_-_Главен_прозорец}}

[[Category:Mk:Documentation]]
19
edits

Navigation menu