Open main menu

Gramps β

Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Главен прозорец

Вовед

Кога отворате база на податоци (без разлика дали е постоечка или нова), следниот прозорец се прикажува:

 
Fig. .1 Грампс Главен прозорец


Главниот Грампс прозорец ги содржи следниве елементи:

  • Мени-линија: Мени-линијата се наоѓа на врвот на прозорецот (веднаш под насловот на прозорецот) и овозможува пристап до сите ставки на Грампс.
  • Алатник: Алатникот се наоѓа веднаш под мени-линијата. Ви овозможува пристап до најчесто користените функции на Грампс. Можете да поставите опции што го контролираат изгледот со одење на Уреди -> Параметри . Исто така, можете целосно да го скриете со одење на Поглед -> Алатник .
  • Прогресна линија: Прогресната линија се наоѓа во долниот лев агол на Грампс прозорецот. Го покажува напредокот на операциите на коишто им треба време, како што се отворање и зачувување на големи бази на податоци, увезување и извезување на други формати, генерирање веб-места итн. Кога не ги правите овие операции, Прогресната линија не се покажува.
  • Статусна линија: Статусната линија се наоѓа десно од Прогресната линија, на дното на Грампс прозорецот. Прикажува информации за тековната Грампс активност и информации поврзани за избраните ставки.
  • Приказна површина: Најголемата површина во средината на Грампс прозорецот е приказната површина. Што таа прикажува зависи од тековно избраниот Поглед. За Погледите ќе зборуваме подробно подолу.

Различните погледи

Генеалошките информации се многу обемни и можат да бидат екстремно подробни. Прикажувањето наметнува предизвик што Грампс го презема со поделување и организирање на информациите во серија на Погледи. Секој Поглед поединечно прикажува дел од целосните информации, избрана според одредена категорија. Ова ќе стане појасно со објаснувањето на секој поглед поединечно, дадено подолу:

  • Поглед Грамплет: Прикажува различни грамплети, тракатанчиња што можат да ви помогнат во вашето генеалошко истражување.
  • Поглед Лица: Го прикажува списокот на лица во семејното стебло.
  • Поглед Врски: Ги покажува врските помеѓу Активното лице и другите лица. Ова вклучува родители, сопружници и деца.
  • Поглед Семеен список: Покажува список на семејства во семејното стебло.
  • Поглед Потекло: Прикажува графичко стебло на предци на избраното лице.
  • Поглед Настани: Прикажува список на настани во семејното стебло.
  • Поглед Извори: Прикажува список на извори во семејното стебло.
  • Поглед Места: Прикажува список на места во семејното стебло.
  • Поглед Медиуми: Прикажува список на медиумски објекти во семејното стебло.
  • Поглед Репозиториуми: Прикажува список на репозиториуми во семејното стебло.
  • Поглед Забелешки: Прикажува список на забелешки во семејното стебло.

Пред да се фрлиме во опишување на секој поглед поединечно, прво да објасниме како да ги префрлувате Погледите.

Префрлување погледи и Погледни модови

 
Fig. 2.1. Погледен мод на Странична линија


Како што напоменавме погоре, има десет различни погледи. Во споредба со тоа, има два различни Погледни модови. Можете на прв поглед да видите во кој Погледен мод сте: Ако видите икони подредени вертикално во страничната линија лево од прозорецот, вие сте во Погледниот мод на Страничната линија.



Ако сте во Погледниот мод на Страничната линија, можете да го изберете посакуваниот поглед со кликнување на иконите на страничната линија.

Поглед Грамплети

 
Fig.2.z Поглед Грамплети

Погледот Грамплети покажува бројни тракатанци, наречени Грамплети, што можат да помогнат во вашето истражување. На почетокот ви се прикажуваат два грамплети (Грамплетот за добредојде и Грамплетот на најчесто користените презимиња), но со десен клик на погледот, се прикажува појавувачко прозорче со можноста за додавање на нови грамплети.

За подробни информации погледнете во Грамлети. Овде даваме кус преглед на функционалностите.

  • Грамплет на возраст на датум: Овој грамплет ја пресметува возраста на сите во вашето Семејно стебло на даден датум
  • Грамплет на календар: покажува настани на одредени датуми и години
  • Грамплет на новости: Ја вчитува страницата со новости од грампс вики
  • Грамплет на потекло: Покажува намалена Табела на потекло на минати, директно поврзани предци. Исто така, дава пад по генерација. Кликнете на линковите за да ги видите внесовите поврзани со ова
  • Python Грамлет: Покажува прозорец со Python-школка. Ова е особено корисно како Пресметувач на датум или за брз пристап до Python (Питон)
  • Грамплет на записник на сесија: Покажува записник на внесови до кои е пристапено, кои се уредувани и избришани од оваа сесија.
  • Грамплет на статистика: Покажува прозорец со резиме на статистика на тековното Семејно стебло: број на поединци, машки и шенски, медиумски објекти итн.
  • Грамплет на мноштво презимиња: Покажува прозорец со множество на најчесто употребените Презимиња.
  • Грамплет НАПРАВИ: Во овој прозорец можете да го додадете вашиот НАПРАВИ список или кои било други забелешки. Можат да се направат неколку грамплети НАПРАВИ за да помогнат во организирањето на вашето истражување
  • Грамллет на најчесто користени презимиња: Ги покажува вашите десет најчести презимиња
  • Грамплет за добредојде: Прозорец Добре дојдовте во ГРАМПС

Поглед Лица

 
Fig. 2.3. Дијалог за уредувач на колони

Погледот Лица прави список на лицата зачувани во базата на податоци. Ќе забележите дека луѓето се групирани според нивните семејни имиња. Лево од секое семејство вообичаено се наоѓа стрелка или некој друг патоказ. Со кликнување еднаш ќе се открие список на сите лица кои го делат тоа име. Со кликнување на патоказот повторно, ќе се „собере“ списокот и ќе го покаже само семејното име.

По зададено, погледот Лица прикажува неколку колони со информации за секое лице. Можете да додадете или одземете колони и од приказот со повикување на дијалогот за Уредувач на колони ( Уреди -> Уредувач на колони ) и со означување и одозначување на списокот со полиња. Исто така, можете да ја промените положбата на колоната во погледот Лица со кликнување и влечење до новата положба во Уредувачот. Кога ќе ги направите посакуваните промени, кликнете на Во ред за да излезете од Уредувачот и да ги видите промените во погледот Лица.

 
Уредувач на колони

Уредувачот на колони е достапен во сите погледи и работи на истиот начин во секој од нив.

 
Fig. 2.4. Прикажани наредби на филтер

Филтри

Генеалошките бази на податоци можат да содржат информации за многу лица, семејства, места и објекти. Затоа, можно е еден поглед да содржи долг список на податоци со коишто е тешко да се работи. Грампс ви дава два начина за контролирање на оваа состојба со дозвола за филтрирање на списокот во подостапна големина. Овие постапки се Пребарување и Филтрирање. Пребарувањето ќе го пребара текстот прикажан во списокот, а филтрите прикажуваат лица чиишто податоци се совпаѓаат со критериумот на филтерот.

Пребарувањето е едноставна но брза постапка за пребарување на колоните прикажани на екранот. Со притискање на знаците во Полето за пребарување и кликнување на копчето Барај ќе се покажат само линиите што се совпаѓаат со текстот.

Можете да ја овозможите Страничната линија на Филтерот, којашто ќе биде прикажана на десната страна од приказот. Кога оваа линија е прикажана, Линијата за пребарување не е прикажана. Страничната линија на Филтерот дозволува интерактивно да изградите група од правила на филтри што можат да бидат ставени на приказот. Филтерот се употребува врз основа на правилата и податоците, не од приказот.

 
Пребарување наспроти Филтрирање

Пребарување само пребарува точни текстуални совпаѓања. Ако е прикажан датумот „Јан. 1, 2000“, пребарувањето на „1/1/2000“ ќе биде неуспешно, но филтер на „1/1/2000“ ќе се совпадне.


Кога Грампс отвора база на податоци, нема никакво филтрирање. Во погледот Лица, на пример, даден е список на сите лица по зададено.

Поглед Врски

Погледот Врски ги прикажува сите врски на Активното лице (избраното лице). Поточно, ги покажува неговите или нејзините родители, браќа и сестри, сопружници и деца.

Погледот Врски е конструиран да дозволува брза навигација. Можете брзо да го смените Активното лице само со кликнување на името на кое било лице што се наоѓа на страницата. Всушност, секое име е хипертекст, линк сличен на оној на веб-страница.

 
Fig. 2.5. Поглед Врски

Погледот Врски ги прикажува следниве оддели:

  • Активно лице: Најгоре на екранот е прикажана информација за име, ИД, раѓање и смрт на Активното лице. Ако е достапна слика за ова лице, таа се наоѓа на десната страна. Веднаш до името на лицето се наоѓа знак што покажува пол и копче за уредување. Со кликнување на копчето Уреди ќе можете да ги уредувате сите информации за тоа лице во дијалогот Уредувај лице.
  • Родители: Следниот оддел, Одделот за родители, прикажува семејства во кои тоа лице е дете. Бидејќи е можно едно лице да има повеќе двојки на родители, возможно е да има повеќе Оддели за родители.

Можете да контролирате кои и колку информации се прикажани преку менито Поглед. Ова мени дозволува покажување или скривање на подробности (како информации за раѓање и умирање) и покажување или скривање на браќа и сестри. До секое лице во списокот се наоѓа копчето Уреди, преку коешто можете да ги уредувате сите поединости за даденото лице.

Можете да додадете нова двојка на родители преку избирање на Додај родители или Подели родители. Копчето Додај родители ќе создаде ново семејство со Активното лице како дете на тоа семејство. Копчето Подели родители дозволува да одбирате од списокот на постоечките семејства, а потоа да го додадете лицето како дете на тоа семејство.

Можете да уредувате постоечки родители со избирање на копчето Уреди што се наоѓа веднаш до родителите. Ако изберете Избриши што се наоѓа веднаш до двојка родители, тогаш Активното лице ќе биде отстрането како дете на тие родители. Ова копче не ја брише врската на родителите.

 
Предупредување

Ако не сте внимателни, можете да создадете повеќе семејства со исти родители. Корисниците ретко сакаат да направат вакво нешто. Ако се обидете да додадете ново семејство коешто ги има истите родители како веќе постоечко семејство, Грампс ќе објави дијалог со предупредување. Ако го добиете ова предупредување, веројатно ќе треба да го откажете уредувањето, а потоа да го употребите копчето Избери за да го изберете постоечкото семејство.


  • Семејство: Сличен на Одделот за родители е Одделот за семејство, коешто прикажува семејства каде што Активното лице е родител. Бидејќи е возможно да има повеќе семејства, можно е да има повеќе Оддели за семејство. Секое семејство го прикажува сопружникот и секое дете.
 
Сопружник

Ние го употребуваме терминот сопружник поради едноставност. Меѓутоа, ве молиме забележете дека сопружник може да биде всушност и домашен партнер, партнер во граѓанска заедница или кои било други слични врски помеѓу две лица. Сопружничките врски не мора да се само помеѓу машко и женско.

 
Fig.2.x Прередување Врска

Можете да додадете семејство со избирање Додади сопружник во алатникот. Ова ќе создаде ново семејство со Активното лице наведено како татко или мајка.

Со избирање на копчето Уреди веднаш до сопружникот ќе можете да го уредувате прикажаното семејство. Со кликнување на копчето Избриши ќе го отстраните лицето од прикажаното семејство.

 
Отстрани лице

Отстранувањето на лицето од едно семејството не го брише тоа семејство. Лицето е отстрането како таткото или мајката, а сите други врски во семејството продолжуваат да постојат.

 
Забелешка

Ние ги употребуваме термините татко или мајка поради едноставност. Дури и семејството да нема деца, сепак оваа терминологија за мајка и татко се користи. Во случај на машко/машко или женско/женско врски, ознаките за мајка и татко треба да се земат предвид како соодветни ознаки.

Можете да ги прередите родителите и сопружниците со избирање на Пререди. Оваа опција ќе биде овозможена само ако има повеќе од една двојка родители или има повеќе од една двојка сопружници за Активното лице. Со избирање на ова копче ќе се прикаже дијалог каде што ќе можете да ги прередувате семејствата.

Поглед Семејство

 
Fig. 2.x. Поглед со список на семејства

Погледот со список на семејства прикажува список на сите семејства во базата на податоци. Во овој поглед можете да додадете, уредувате или избришете семејства. Основниот список вбројува ИД, Татко, Мајка и Врска. Децата не можат да се прикажат во екранот на овој поглед.

 
Копче за отстранување

За разлика од погледот Врски, со кликнување на копчето за отстранување во овој поглед ќе го отстраните целото семејство од базата на податоци. Сите лица ќе останат, но врските помеѓу лицата во семејството ќе бидат отстранети.

Поглед Потекло

 
Поглед Потекло

Погледот Потекло прикажува семејно стебло на предците на Активното лице. Овој поглед прикажува до пет генерации, во зависност од големината на прозорецот. Секое лице е означено со поле со неговото или нејзиното име, информации за раѓање и умирање и слика, ако е достапно. Гранка со две линии од секое поле. Горната го покажува таткото, а долната линија мајката на лицето. Полни линии покажуваат родени врски, а испрекинати не-родени врски, како што се посвојување, посинување, старателство итн.


Лево од Активното лице се наоѓа копче со стрелка налево. Ако Активното лице има деца, со кликнување на ова копче ќе се прошири список со децата на Активното лице. Избирање на едно од децата го прави Активно лице.

 
Мени со деца

Изгледот на имињата на децата во менито ги разликува краевите на семејното стебло од оние што имаат продолжение.

Децата коишто имаат деца во менито се со задебелени и накосени букви, додека децата без свои деца (краеви на семејно стебло) се појавуваат во вообичаениот фонт. ако Активното лице има само едно дете, нема да се покаже мени (бидејќи има само еден избор) и детето ќе стане Активно лице кога ќе притиснете на копчето со стрелката.


Десната страна на прозорецот покажува две копчиња со стрелки надесно. Кога ќе кликнете на горното копче, таткото на Активното лице станува Активно лице. Кога ќе кликнете на долното копче, мајката на Активното лице станува Активно лице.

 
Личен текст

Со десен клик на полето на кое било лице во погледот Потекло ќе се подигне „текст-мени“.

Покрај другите корисни ставки, ова мени има и подменија на: Сопружници, Браќа и сестри, Деца и Родители на тоа лице.

Подменијата со сива боја покажуваат дека нема податоци за соодветната категорија. Слично на менито со деца погоре, менијата со Деца и Родители разликуваат краеви на семејно стебло од оние што имаат продолжение.

 
Screencasts

You can see videos for adding or editing a family (parents, children, siblings) from Pedigree View.


Поглед Настани

Основниот поглед прикажува Опис , ИД , Вид , Датум , Место и Причина на настанот.

 
Fig. 2.x Поглед Настани
 
Полнозначен опис на настани

Затоа што настаните можат да се делат, треба да посветите повеќе време и на секој настан да дадете единствен и полнозначен опис. Ова ќе помогне да го пронајдете точниот настан ако решите да ги поделите настаните.

Списокот на настани може да биде подреден на вообичаениот начин, со кликнување на заглавието на колоната. Еден клик ги подредува по растечки редослед, повторно кликнување по обратен редослед. Дијалогот Уредувач на колони може да се користи за додавање, отстранување и преуредување на прикажаните колони.

Поглед Извори

 
Fig.2.x Поглед Извори

Погледот Извори ги содржи изворите на одредени информации зачувани во базата на податоци.

Овде се вклучени различни документи (уверенија за раѓање, смрт, брак итн.), книги, филмови, дневници, лични дневници - речиси сѐ што може да обезбеди генеалошки докази. Грампс дава избор да обезбедите извор за секој настан што го запишувате (раѓања, умирања, бракови итн.). Во овој поглед се наоѓаат Наслов , ИД и Автор на изворот, како и секоја информација за Објавување што може да биде поврзано со нив. Листата на извори може да се подреди по заглавие на колони.

Со едно кликнување ги подредува по растечки редослед, со повторно кликнување по обратен редослед. Дијалогот Уредувач на колони може да се користи за додавање, отстранување и преуредување на прикажаните колони.

Поглед Места

 
Fig. 2.x.Поглед Места

Во Погледот Места се наоѓаат географски места каде што се случиле настаните од базата на податоци. Тие можат да бидат места на раѓање, умирање, бракови на лица, исто како и нивните домови, вработување, адреси на образование или некои други разбирливи упатувања на географски локации. Во Погледот се наоѓаат Име , ИД , Парохија , Град , Округ , Држава и Земја . Сите колони можат да се користат за подредување со кликнување на заглавието на колоната.

Со едно кликнување ги подредува по растечки редослед, со повторно кликнување по обратен редослед. Дијалогот Уредувач на колони може да се користи за додавање, отстранување и преуредување на прикажаните колони.

Ако некое место е истакнато, можете да го изберете копчето Google Мапи да се обидете да го прикажете местото на веб-пребарувачот.

Вашиот основен веб-пребарувач треба да се отвори, обидувајќи се да ги употреби или координатите со географска ширина или должина или името на местото за да ја прикаже локацијата користејќи го веб-местото на Google мапите. Оваа карактеристика е ограничена и не може секогаш да ги прикаже резултатите што ги барате.

Поглед Медиуми

 
Fig.2.x.Поглед Медиуми


Погледот Медиуми е список со медиумски објекти употребени во базата на податоци. Медиумските објекти се кои било датотеки што се некако поврзани со зачуваните генеалошки податоци.

Од техничка страна, секоја датотека може да се зачува како медиумски објект.

Најчесто, тоа се слики, аудиодатотеки, анимации итн. На полето со список на дното се наоѓаат Име , ИД , Вид , и Патека на медиумскиот објект.

Дијалогот Уредувач на колони може да се користи за преуредување на прикажаните колони, кај коишто се применуваат истите правила за подредување. Најгорниот дел од Грампс прозорецот покажува преглед (ако е достапен) и информација за медиумскиот објект.

Поглед Репозиториуми

 
Fig.2.x.Поглед Репозиториуми

Верзијата 2.2 поддржува Репозиториуми.

На Репозиториум можеме да гледаме како на збирка од извори.




Секој извор во базата на податоци може да упатува на репозиториум (на пример, библиотека) на којшто припаѓа. Функционирањето на овој поглед е сличен на другите погледи.

Поглед Забелешки

 
Fig.1.y Поглед Забелешки

Верзијата 5.1 додаде поддршка на Забелешки. Забелешката е чист текст, како таков зачуван во другите објекти.


Функционирањето на овој поглед е сличен на другите погледи. Погледот ги вклучува сите Забелешки зачувани во Семејното стебло. Со Уреди -> Уредувач на колони можете да ги менувате прикажаните колони. Можностите се Преглед, ИД, Вид и Означувач.


Видот (меѓу другото) може да биде и : Забелешка за настан, Забелешка за адреса, Текст на извор, Забелешка за место.

Двојно кликнување на Забелешката во списокот ќе подигне прозорец каде што ќе можете да ја уредувате. Можете да го менувате фонтот, бојата на фонтот и заднинската боја. Проверка на правопис е достапна за англиски, а исто така и за вашиот локален јазик.

Претходно Индекс Следно


  Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions