Mk:Грампс 4.1 Вики Прирачник - Управување со семејни стебла

From Gramps
Revision as of 22:01, 9 January 2013 by Patsyblefebre (talk | contribs) (FileManageFamilyTrees-ArchiveExtractedVersionShown-40.png)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)
Jump to: navigation, search

Сега се префрлуваме на подробно истражување на секојдневната употреба на Грампс. Во ова поглавје даваме подробен краток преглед за тоа како можете да управувате со вашите семејни стебла, како и делењето на вашите податоци со други генеалошки истражувачи.

Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions

Претходно Индекс Следно



Почнување ново Семејно стебло

Fig. 3.2. Почнување на Семејни стебла


За да почнете ново Семејно стебло, изберете Семејни стебла -> Управувај со Семејни стебла или изберете го копчето Семејни стебла од алатникот. Ова ќе го отвори Управувачот на Семејни стебла.



Изберете го копчето Ново и Грампс ќе внесе ново Семејно стебло во списокот со Семејни стебла. За да го промените неговото име од основното Семејно стебло 1, кликнете на името и напишете го новото име.

Сега изберете Вчитај Семејно стебло за да го отворита новото, празно Семејно стебло.

Отворање на Семејно стебло

За да отворите Семејно стебло или одберете Семејни стебла -> Управувај со Семејни стебла или кликнете на копчето Семејни стебла на алатникот. Управувачот со Семејни стебла ќе се појави и ќе видите список на сите Семејни стебла познати на Грампс. Ќе се прикаже икона во колоната за Состојба покрај секое Семејно стебло коешто е тековно отворено. Изберете го стеблото што сакате да го отворите и отворете го со притискање на копчето Вчитај Семејно стебло. Друг начин е двоен клик на посакуваното Семејно стебло.

За да пристапите до неодамна отворено Семејно стебло, одберете или Семејни стебла -> Отвори неодамнешно или стрелката надолу веднаш до копчето Семејни стебла и одберете го стеблото од списокот.

Ако немате „дозвола за пишување“ за одбраното семејство, тоа ќе биде отворено во модот Само за читање. Во овој мод, податоците само ќе се гледаат, но нема да може да се прават промени на тоа стебло. За да се означи овој мод, на насловот на главниот прозорец ќе биде додаден текстот (Само за читање).

Отворање на GEDCOM или XML база на податоци

Грампс ви дозволува да отворите одредени бази на податоци што не биле зачувани во сопствениот формат на датотека на Грампс од наредбената линија. Линк НАПРАВИ до страницата за објаснување како. Овде се вклучени XML и GEDCOM бази на податоци. Но, треба да знаете дека ако XML или GEDCOM базите се релативно големи, ќе наидете на проблеми на изведување и во настанот за пад вашите податоци ќе бидат оштетени. Затоа, обично подобро е да создадете ново Грампс семејно стебло (база на податоци) и увезете ги вашите XML/GEDCOM податоци во него.

Gramps-notes.png
Отворање база на податоци

XML и GEDCOM базите на податоци бараат сите податоци да бидат задржани во меморијата и не содржат индекси. Грампс основниот формат е база на податоци што ги чита само потребните податоци. Значи, до податоците на едно големо семејно стебло може да се пристапи побрзо и поуспешно, но не преку употреба на XML или GEDCOM.

Gnome-important.png
GEDCOM Уредување

Ве молиме, имајте предвид дека некои информации од GEDCOM датотеката можат да се изгубат во текот на увезувањето во Грампс, исто како и при изнесувањето назат до GEDCOM. Едноставно отворање и гледање на датотеката нема да ја промени. Меѓутоа, ако се направени некакви промени и не се пуштени при излегување, излегувањето од Грампс ќе ги зачува, со можност за губење на податоците.

Бришење на Семејно стебло

Изберете го семејното стебло што сакате да го отстраните и кликнете на копчето Избриши.

Ова целосно ќе го отстрани стеблото, без можност за повторно враќање на податоците. Земете предвид да направите резерва на вашите податоци со изнесување до Грампс XML форматот и зачувување на таа датотека.

Преименување на Семејно стебло

Можете да преименувате Семејно стебло (или архива на истото) со избирање на стеблото што сакате да го преименувате и кликнување на Преименувај. Исто така, можете да кликнете на неговото име во списокот со стебла.

Во обата случаи, само го пишувате новото име, за преименувањето да биде успешно.

Резерва на Семејно стебло

  • Најбезбедниот начин за да направите резерва на вашето Грампс Семејно стебло е да изнесете до GRAMPS XML форматот (или GRAMPS Пакет за да вклучи ставки од вашата галерија) и ископирајте ја добиената датотека на безбедно место, по можност тоа да е различно.

Backup dialog

Simply select "Make Backup..." from the "Family Trees" menu item.

MakeBackup-GrampsXMLBackup-40.png

You can either choose to include the media or not.

Note that this is just a regular XML export, except that no data is filtered out. You can import these as usual with any exported file.

You can also define the pattern for the backup filename by setting the paths.quick-backup-filename in the ~/.gramps/gramps34/gramps.ini key file like the following:

[paths]
quick-backup-filename='%(filename)s_%(year)d-%(month)02d-%(day)02d.%(extension)s'

You can use any of the following keywords in the pattern: year, month, day, hour, minutes, seconds, filename, extension.


  • Можете да ја користите Архивата за да зачувате снимки на вашето стебло. Овие снимки можат да бидат употребени како едноставни резерви, многу корисни ако посакате да се обидете со нешто што подоцна ќе сакате да го вратите. Меѓутоа, овој метод не треба да се користи за стандардни резерви, затоа што нема да преживее пад на хард дискот или некои други штети што можат да му се случат на сметачот.
  • За напредни корисници: секоја база на податоци е зачувана во нејзин поддиректориум под ~/.gramps. Рачна резерва може да се направи со правење на резерва на овој директориум.

Архивирање на Семејно стебло

Лесно можете да архивирате и временски да означите семејни стебла со вградена во Грампс употреба на GNU Revision Control System или RCS. За оваа услуга да биде овозможена, ќе треба да ја инсталирате на вашиот сметач. За да направите архива, прво морате да бидете сигурни дека е отворено стеблото што сакате да го архивирате. Потоа, изберете го отвореното семејно стебло и кликнете на копчето Архива. Архивата ќе биде сместена веднаш под стеблото од коешто беше направена. Архивите можат да бидат избришани и преименувани.

Обновување Архива на Семејно стебло

Fig. 3.2 Избирање верзија за обновување

Едноставно, само означете ја архивата што сакате да ја обновите и изберете го копчето Обнови.

Fig. 4.1 Обновена верзија




Грампс ќе ја пренесе архивата во ново Семејно стебло. Името на Семејното стебло е засновано на првобитното име и името на архивата.

Отклучување на Семејно стебло

Кога Грампс отвора стебло, истото го заклучува, оневозможувајќи ве или кој било друг да го отвори тоа стебло во исто време. Втора копија на Грампс ќе може да отвори друго семејно стебло, но веќе отвореното стебло ќе се појави со иконата за заклучување, покажувајќи дека не можете да го отворите. Затворање на стеблото во првата копија на Грампс ќе овозможи отворање на стеблото во втората копија.

Ако можете да го отворите истото семејно стебло во два Грампса одеднаш, веројатно вашите податоци ќе се оштетат.

Во неверојатниот настан на пад на Грампс, семејното стебло ќе остане во заклучена состојба. За да го отклучите стеблото, изберете го заклученото семејно стебло и кликнете на копчето Отклучи коешто ќе биде достапно. Сторете го ова, само ако сте сигурни дека нема друга копија на Грампс што го користи ова стебло.

Поправка на оштетено Семејно стебло

Fig. 4.1 Поправка на Семејно стебло




Ако вашето Семејно стебло е оштетено на кој било начин, Грампс Уредувачот на Семејно стебло ќе прикаже црвена икона за грешка во колоната за Состојба.

За да му кажете на Грампс да се обиде да ја поправи штетата, изберете го стеблото и потоа кликнете на копчето Поправи.

Ќе се обиде да го обнови вашето стебло од резервните датотеки што автоматски се создаваат при излегување.

Зачувување промени на вашето Семејно стебло

Грампс ги зачувува вашите промени веднаш штом ги примените. Ова значи, на пример, кога и да кликнете на Во ред во Грампс, вашите промени се веднаш снимени и зачувани. Нема посебна наредба „зачувај“.

Можете да ги вратите промените што сте ги направиле со избирање на Уреди -> Врати . Ако ја избирате оваа наредба неколку пати едно по друго, вашите неодамнешни промени ќе бидат вратени една по друга. За да вратите повеќе наредби одеднаш, можете да го искористите дијалогот Историја на врати достапен на менито Уреди.

Ако сакате да го вратите вашето Семејно стебло онакво какво што било кога сте го отвориле, изберете Датотека -> Откажи ги промените и напушти . (Ова е исто како напуштање без претходно зачувување во други програми.)

Ако сакате да зачувате копија на вашето стебло под друго име, ќе треба да го изнесете, а потоа увезете во ново смејно стебло. Форматот на GRAMPS XML база на податоци се препорачува за оваа цел.

Увезување податоци

Увезувањето дозволува да донесете податоци од други генеалошки програми во Грампс базата на податоци. Во моментов, Грампс може да увезува податоци во следниве формати:

GRAMPS V2.x база на податоци (.grdb file extension)

GEDCOM (.ged file extension)

GRAMPS XML (.gramps file extension)

GRAMPS пакет (.gpkg file extension)

GeneWeb (.gw file extension)

GRAMPS CSV Табличен документ - вредности одделени со запирка (.csv file extension)

Pro-Gen (.def file extension)


Gramps-notes.png
Увезување наспроти отворање

Ве молиме, направете разлика помеѓу увезување база на податоци и отворање база. Кога увезувате, всушност, донесувате една база на податоци во Грампс базата на податоци. Кога отворате датотека, ја уредувате вашата првобитна датотека.

За да увезете податоци, изберете Датотека -> Увези . Дијалогот Увези база на податоци ќе се отвори, барајќи да ја одредите датотеката што сакате да ја увезете. Забележате дека можете да увезувате податоци во веќе постоечка база на податоци, така што ако ги пренесувате сите ваши податоци од друга програма или постара верзија на Грампс, прво направете нова, празна база, а потоа увезете ги податоците во неа.

Gnome-important.png
Губење податоци во некои формати

Важно е да потенцираме дека процесот на увезување не е совршен за GEDCOM и GeneWeb базите на податоци. Има можности некои од податоците во овие бази да не бидат увезени во Грампс.

GRAMPS V2.x база на податоци, GRAMPS XML, и GRAMPS пакет се сите изворни формати на GRAMPS. Не постои ризик за губење информации кога увезувате и изнесувате во овие формати.

  • GRAMPS V2.x база на податоци (grdb): Претходник на верзијата 4.1, изворен Грампс формат на база на податоци беше специфична форма на „Беркли“ базата на податоци (BSDDB) со посебна структура на податочни табели. Овој формат беше бинарен и зависен од видот на архитектурата. Беше многу брз и успешен, но општо не беше пренослив на другите сметачи со различна бинарна архитектура (e.g. i386 vs. alpha).
  • GRAMPS XML: GRAMPS XML датотеката беше основен формат на постарите (пред 2.x) верзии на Грампс. За разлика од grdb форматот, тој е независен од архитектурата и читлив за човек. Базата на податоци може, исто така, да има упатувања на не-локални (надворешни) медиумски објекти, затоа нема сигурност дека е целосно пренослив. GRAMPS XML базата на податоци е создадена со извезување ( Семејни стебла -> Извези... ) до форматот.
  • GRAMPS пакет: GRAMPS пакетот е компресирана архива што содржи GRAMPS XML датотека и сите медиумски објекти (слики, звучни датотеки итн.) на кои базата упатува. Затоа што ги содржи сите медиумски објекти, овој формат е целосно пренослив. GRAMPS пакетот е создаден со извезување ( Семејни стебла -> Извези... ) на податоци во тој формат.

Ако увезувате информации од други Грампс бази на податоци или GRAMPS XML бази на податоци, ќе го видите напредокот на операцијата во линијата за напредок во главниот прозорец на Грампс.

Форматот GRAMPS CSV Табличен документ дозволува увезување и извезување на подгрупа на вашите Грампс податоци во едноставен формат на табличен документ. За повеќе информации видете во CSV Увоз и Извоз.

Извезување податоци

Fig.4.1 Помошник за извезување: избор на формат


Извезувањето дозволува да го делите секој дел од вашата Грампс база на податоци со други истражувачи, како и можноста за пренесување на вашите податоци на друг сметач. Во моментов, Грампс може да извезува податоци во следниве формати: GRAMPS база на податоци, GRAMPS XML, GEDCOM, GRAMPS пакет, Веб-семејно стебло, GeneWeb и GRAMPS CSV Табличен документ.

Gramps-notes.png
Извезувањето е зачувување копија

Кога извезувате, зачувувате копија на тековно отворената база. Извезувањето создава друга датотека со копија на вашите податоци. Забележете дека базата што останува отворена во вашиот Грампс прозорец НЕ е датотеката зачувана при извозот. Дополнително уредување на тековно отворената база нема да ја промени копијата изработена при извозот.

За да извезете податоци, одберете Датотека -> Извези . Ова ќе го подигне помошникот за Извоз . Неговите страници ќе водат низ изборот на формат (видете export-druid-fig ), изборот на датотека и специфичните опции за извозните формати (видете gedcom-export-fig ). По крајната страница за потврдување, извозот ќе се изведе кон изборите што сте ги направиле. Во кое било време, можете да кликнете на копчето Назад и повторно да го прегледате секој избор, а потоа одете напред за да го повратите извозот.

Filter and Privacy

  • Авторско право: Дозволува да изберете изјава за да го опишете вашете тврдење.
  • Не вклучувај записи означени како лични: Означете го ова поле за да спречите личните записи да бидат вклучени во датотеката за извезување.
  • Ограничи податоци на живи лица: Означете го ова поле за да ги ограничите информациите за извоз на живи лица. Ова значи дека сите информации за нивното раѓање, умирање, адреси, значајни настани итн. ќе бидат изоставени од датотеката за извезување. Ако ја изберете оваа опција, ќе бидат дадени дополнителни опции за ограничување на понатамошните податоци на живите лица. На пример, можете да одберете да го замените зборот „Живи“ со првото име; можете да исклучите забелешки; и можете да исклучите извори за живи лица.

Понекогаш не е толку очигледно ако некој во податоците е всушност жив. Грампс употребува напреден алгоритам да се обиде да одреди ако некое лице е всушност живо. Запомнете, Грампс ги прави најголемите напори за да претпостави и можно е претпоставката да не биде секогаш точна. Ве молиме, повторно да ги проверите вашите податоци.

  • Упатувања слики од патека: Означете го ова поле да му кажете на Грампс да ја употреби специфичната патека за вашите слики кога пишувате упатства на слики во.

Овој избор дава можност да одредите каде ќе бидат сместени вашите датотеки со слики. Ова е корисно кога ја пренесувате вашата GEDCOM датотека од еден на друг сметач. Кажува на програмата дека увозот на податоци ќе биде таму каде што е вашата датотеката со слики. Probably Alive

Извезување во GEDCOM формат

Fig.3.5.Помошник за извезување: GEDCOM опции

Грампс дозволува да извезувате база на податоци во обичен GEDCOM формат. Овозможува опции што даваат фино да го поставите вашиот извоз (видете [image:Gedcom-export.png]gedcom-export-fig ).

  • Енкодирање: Бидејќи различни јазици користат различни карактери, важно е да кажете на GEDCOM датотеката каква група на карактери се употребуваат. Двата формати обично прифаќаат ASCII и ANSEL. Бидејќи сите ASCII карактери се важечки ANSEL карактери, Грампс не нуди можност за ASCII.

Затоа што ANSEL обично не се користи, некои генеалошки програми ќе прифатат ANSI (попознат како ISO-8859-1) и Уникод групи на карактери. Изберете само ANSI или Уникод ако знаете некоја програма што ќе се обиде да ја прочита GEDCOM датотеката и ќе ги разбере овие групи на карактери.

  • Филтер: Филтерот дозволува за извезете ограничено количество податоци, засновано на критериумот што ќе го изберете.
  • Цел: Додека GEDCOM е стандарден, не секоја програма се спроведува на истиот начин. Ова може да доведе до губење на податоци. Грампс може да го намали губитокот на податоци во некои случаи. Можете да му кажете на Грампс која е целна програма и Грампс ќе ја приспособи датотеката за извезување за таа програма. Ако вашата програма ја нема во списокот, одберете „GEDCOM 5.5 Standard“.
  • Авторско право: Дозволува да изберете изјава за да го опишете вашете тврдење.
  • Не вклучувај записи означени како лични: Означете го ова поле за да спречите личните записи да бидат вклучени во датотеката за извезување.
  • Ограничи податоци на живи лица: Означете го ова поле за да ги ограничите информациите за извоз на живи лица. Ова значи дека сите информации за нивното раѓање, умирање, адреси, значајни настани итн. ќе бидат изоставени од GEDCOM датотеката за извезување. Ако ја изберете оваа опција, ќе бидат дадени дополнителни опции за ограничување на понатамошните податоци на живите лица. На пример, можете да одберете да го замените зборот „Живи“ со првото име; можете да исклучите забелешки; и можете да исклучите извори за живи лица.

Понекогаш не е толку очигледно ако некој во податоците е всушност жив. Грампс употребува напреден алгоритам да се обиде да одреди ако некое лице е всушност живо. Запомнете, Грампс ги прави најголемите напори за да претпостави и можно е претпоставката да не биде секогаш точна. Ве молиме, повторно да ги проверите вашите податоци.

  • Упатувања слики од патека: Означете го ова поле да му кажете на Грампс да ја употреби специфичната патека за вашите слики кога пишувате упатства на слики во GEDCOM.

Овој избор дава можност да одредите каде ќе бидат сместени вашите датотеки со слики. Ова е корисно кога ја пренесувате вашата GEDCOM датотека од еден на друг сметач. Кажува на програмата дека увозот на податоци ќе биде таму каде што е вашата датотеката со слики.

Извоз во GRAMPS формати

Gnome-important.png
Privacy Filters

It is important to verify your privacy options on Exporter. Do not enable filters or privacy options for GRAMPS XML backups.

  • Извоз во GRAMPS XML база на податоци: Извезување во GRAMPS XML формат ќе изработи база на податоци соодветна на претходните верзии на Грампс. Бидејќи XML е заснован на текст читлив за човекот, исто така, можете да го употребите за прегледување на вашата база на податоци.
  • Извоз во GRAMPS пакет: Извезување во форматот GRAMPS пакет ќе создаде компресирана датотека што ја содржи базата на податоци и копии на сите поврзани медиумски објекти. Ова е корисно ако сакате да ја преместите вашата база на друг сметач или да ја поделите со некој друг.
  • Извоз до ЦД: Извезувањето до ЦД ќе ја подготви вашата база на податоци и копиите на сите датотеки со медиумски објекти за снимање ЦД. Всушност, за да го испечете ЦД-то, ќе треба да одите во GNOME испечи:/// локацијата, кон која може да се пристапи преку навигација во Наутилус (Nautilus): По извезувањето ЦД, изберете Оди -> ЦД Creator во менито Наутилус. Ќе се појави директориумот на вашата база на податоци. За да го направите ЦД-то, кликнете на иконата со ЦД на алатникот на Наутилус или изберете Датотека -> Напиши на ЦД во менито Наутилус.

Ако некоја медиумска датотека не е пронајдена во текот на извезувањето, ќе го забележите истиот дијалог Недостасуваат медиуми што го сретнувате при GEDCOM извоз.

Извоз во други формати

  • Веб-семејно стебло: Извезувањето до Веб-семејно стебло ќе создаде текстуална датотека што може да биде користена од програмата на Веб-семејното стебло. Опциите за извоз вклучуваат избор на филтри и можноста да се ограничат податоците на живите лица до онаа од нивните семејни врски.
  • GeneWeb: Извезувањето до GeneWeb ќе зачува копија на вашите податоци во познатиот генеалошки формат. За да дознаете повеќе околу GeneWeb и нејзиниот формат, посетете ја http://cristal.inria.fr/~ddr/GeneWeb/en/.
  • v-Календар и v-Карта: Извезувањето до v-Календар или v-Карта ќе ја зачува информацијата во формат што се употребува во многу календарски и адресарни апликации, понекогаш наречени PIM за Personal Information Manager (Уредувач на лични информации).
  • GRAMPS CSV формат на табличен документ: Дозволува извезување и (увезување) на подгрупи од вашите Грампс податоци во едноставен формат на табличен документ. За повеќе информации видете во CSV Увоз и Извоз. Исто така, видете и Извоз на Приказ.

Преместување на 2.2 бази во Грампс 3

Има два начина за преместување на вашите Грампс податоци од верзијата 2.2 во верзијата 3; или преку директно увезување на вашата верзија 2.2 grdb датотека или преку извезување во XML формат прво. Поради сложеноста на начинот на кој верзијата 2.2 ги зачувува податоците, извезувањето во XML е најчесто најдобриот начин за преместување без проблеми на вашите податоци во верзијата 3.

  • Увоз на 2.2 grdb датотека: Во Грампс 2.2 базата на податоци, вашите податоци се зачувани во grdb датотека заедно со една или повеќе датотеки на записи што се зачувани во директориуми што се наоѓаат во .gramps/env директориум. За да ги увезете вашите 2.2 податоци директно во Грампс, направете нова база на податоци и изберете ја опцијата за увоз на Грампс 2.2 база на податоци. Треба да се уверите дека извршувате во Грампс 3 од истиот корисник од кој сте извршувале во Грампс 2.2, така што имате пристап до истиот .gramps/env директориум што содржи датотеки со записи што ја надополнуваат вашата база на податоци. Ако извршувате Грампс 3 од различен корисник или од друга машина, ќе треба да се снабдите со истиот .gramps/env директориум и достапните датотеки со записи. Ако добиете ваква грешка „/tmp/tmpDkI5pO не може да се отвори“ или нешто слично кога се обидувате ја увезете вашата база тогаш тоа значи дека Грампс 3 не може да ги види сите датотеки што ја образуваат вашата база на податоци.
  • Gramps XML: Со овој пристап прво почнете го Грампс 2.2 и извезете ја вашата база во XML формат. XML датотеката е, всушност, компресирана и се содржи во .gramps датотеката. Оваа датотека е пренослива, нема други датотеки што се зависни од неа и може да се премести каде и да го имате инсталирано Грампс 3. Потоа, почнете го Грампс 3 и направете празна база на податоци користејќи го Управувачот на Семејни стебла и увезете ја .gramps датотеката.


Претходно Индекс Следно