Changes

Jump to: navigation, search
no edit summary
{{man index/mk|Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Предговор|Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Почнување|5.1}}
{{languages|Gramps_5.1_Wiki_Manual_-_Preface}}

Грампс е софтвер конструиран за генеалошко истражување. Иако сличен на други генеалошки програми, Грампс нуди некои единствени и моќни содржини, за што ќе дискутираме подолу.

Грампс е софтверски пакет со отворен код, што значи дека можете да правите копии и да ги дистрибуирате до кого сакате. Проектот е развиен и одржуван од широкораспространет тим на волонтери чијашто цел е да го направат Грампс моќен, а сепак лесен за користење.

__FORCETOC__
== Зошто да се користи Грампс? ==

Најголемиот дел генеалошки програми допуштаат да внесувате информации за вашите предци и потомци. Вообичаено, тие можат да ги прикажат семејните врски преку табели, графикони или извештаи. Некои допуштаат вклучување слики или други медиуми. Повеќето од нив допуштаат да вклучите информации за лица што не се роднински поврзани со првобитното семејство што го истражувате. Исто така, можат да имаат вклучено содржини што допуштаат да разменувате податоци со други програми и да печатите различни видови извештаи.

Грампс ги има сите овие можности и повеќе. Особено допушта да вклучите парчиња и делови на податоци како што се појавуваат во вашето истражување и да ги сместите на едно место -- вашиот сметач. Тогаш можете да го користите сметачот за ракување, поврзување и расчленување на вашите податоци, подобро отколку да се плеткате во тони испишана хартија.

== Типографска практика ==

Во оваа книга, некои зборови се означени со посебна типографија:
*Апликации

* <br\>
<code>
Наредбите што ги притискате на наредбената линија
</code>

*''Имиња на датотеки''

*<tt>''Заменлив текст''</tt>

*{{man label|Ознаки}} за копчиња и други делови од графичкиот интерфејс

*Опциите на менито изгледаат вака: ''' Мени -> Подмени -> Мени ставка '''

*{{man button|Копчиња}} на коишто можете да кликнете

*<tt>Сѐ што притискате</tt>

Прирачникот, исто така, овозможува избрани делови на дополнителни информации во совети и забелешки, како што следи.


{{man tip| 1=Пример за совет |2=Совети и делови од дополнителни информации ќе изгледаат вака.}}

{{man note| Пример за забелешка |Забелешките ќе изгледаат вака.}}


На крајот, има предупредувања, известувајќи ве дека треба да бидете внимателни:

{{man warn| Пример за предупредување |Вака изгледа едно предупредување. Ако има изгледи да западнете во некоја неволја, за тоа ќе бидете претходно предупредени.}}

{{man index/mk|Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Предговор|Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Почнување|5.1}}

{{grampsmanualcopyright}}

[[Category:Mk:Documentation]]

Navigation menu