Changes

Jump to: navigation, search
Имиња
Имињата се уредуваат преку следниот дијалог '''Уредувач на имиња''' :
[[Image:edit-an-mk.png|thumb|Уредувач на имиња]]
Горниот дел од прозорецот го покажува насловот на дијалогот вклучувајќи го и името на лицето чиешто име се уредува. Средишниот дел на прозорецот прикажува три јазичиња што содржат различни категории на достапни информации. Можете да го доведете на врвот секое јазиче за прегледување и уредување со кликнување на неговото соодветно заглавие. Во долниот дел се наоѓаат копчињата '''Во ред''' и '''Откажи''' . Со кликнување на копчето '''Во ред''' , во кое било време, ќе се применат направените промени во сите јазичиња и ќе го затвори прозорецот. Со кликнување на копчето '''Откажи''' , во кое било време, ќе се затвори прозорецот без применување на која било промена.
Јазичето '''Забелешки''' ги прикажува сите забелешки во врска со името. За да додадете забелешка или да промените постоечка, едноставно само уредете го текстот во полето за внес на текст.
Изборот '''Формат''' овозможува поставување на изгледот на забелешката при изнесот на податоци (т.е. во извештаи и веб-страници). Ако изберете „Течно“, ќе ги замени сите повеќе празни места, вовлекувања и знаци за крај на редот во изнесот на податоци. Двата едно по друго нови редови (т.е. празен ред) означува нов параграф. Со избирање на '''Преформатиран''' ќе се прифатат сите повеќе празни места, вовлекувања и нови редови и при изнесувањето ќе се прикажат онака како што биле напишани во полето за внес на текст.
== Особини ==

Navigation menu